Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со две победи го почна настапиот на фјучрсот во словенечкиот град Оточец што се игра за награден фонд од 40.000 долари. Таа во мечот од второто коло (во првото беше слободна) ја совлада домашната тенисерка Пиа Ловрич (21 година, 561 место ВТА листа) со 2-0 (6:4 и 6:4). Мечот траеше 1 час и 22 минути. Нашата тенисерка во поединечна конкренција е рангирана како седма носителка.

Во следното коло (трето) Ѓорческа ќе игра против квалификантката од Романија Лавиниа Томасие (19 г. 671 место ВТА). Мечот се игра на теренот број 2 и почнува во 10 часот.

Во конкуренција на двојки заедно со Деа Херџелас (БиХ) по голема борба изборија пласман во четвртфиналето. Тие беа подобри од шпанските тенисерки Паула Ариас Манјон и Зулета де Релас.Мечот заврши со резултат 6:1, 6:7 (7:9) и во решавачкиот сет 10-3 на поени. Ова беше продолжение на мечот кој почна вчера, а беше прекинат поради дождот при резултат 6:1 и 6:5 за Ѓорческа и Херџелас. Утре во 1/4 финалето ќе играат против романските тенисерки Илинка Далина Амариреи и Кристина Дину.