Екипите на Интер и Фиорентина вечерва на ,,Олимпико” во Рим ќе се борат за трофејот во Купот на Италија.

Двата тима секако имаа инспирација да стигнат до трофејот наменет за победникот, а кој ќе се радува останува да видиме по натпреварот што ќе започне од 21 часот.

Но, она што ние не можевме да го видиме е подготовката за овој финален дуел.

,,Копа Италија” е вистински празник на фудбалот во оваа земја, не само за играчите и навивачите на финалистите, туку и за целокупната спортска јавност во оваа земја.

Во продолжение дел потсетување на патот на двата тима до финалниот натпревар.