,,Војната” меѓу Борко Ристовски и Даниел Димевски, првиот човек на МОК, ќе се води и надвор од границите на Македонија, поточно и во Лозана каде Ристовски ќе поднесе тужба до Арбитражниот суд.

Сумата која Ристовски може да ја бара како отштета изнесува од 180 до 230.000 евра. Со оглед на тоа дека се работи за нарушување на личен углед и ќе се оди на повисока истанца, тоа е Судот во Лозана

За време на пресконференцијата на, Борко Ристовски повеќе пати нагласи дека негова цел не е да се земат финансиски средства од Македонскиот Олимписки Комитет, затоа што тоа се средства на спортистите па затоа доколку добие на судот, парите ќе ги донира како помош на спортски клубови – половина за РК Вардар, половина за ФК Вардар