Успешен ден за македонските тенисери кои настапуваат на турнирот во Куршумлијска Бања во Србија. По триумфот на Магдалена Стоилковска победа во првото коло постигна и Горазд Србљак. Тој беше подобар од Душан Обрадовиќ од Србија со 2-1 во сетови по повеќе од 2,5 часа игра.

Првиот сет Србљак го загуби по тај брекот по 6:6 решавачкиот гем му припадна на противникот со 7:5 на поени. Во вториот сет нашиот тенисер ја искористи предноста и со подобра игра го реши сетот во своја корист со 6:4 во гемови, додека во третиот сет беше уште подобар и сетот заврши со резултат 6:2 за Србљак.

Утре во второто коло нашиот тенисер ќе игра против петтиот носител Ѓерѓели Мадарш од Унгарија. Инаку, Србљак преку квалификации стигна до главниот турнир откако ги победи Ромео Хаџимехмедовиќ од Србија со 2-0 во сетови и Матиц Димич од Словенија со 2-1 вос етови.

На овој турнир во квалификациите настапуваа и македонските играчи Обрад Марковски и Стефан Мицов, но не ги минаа квалификациите.