Екипите на Охрид и Куманово се изборија за трет решавачки натпревар против Работнички и Соколи во четвртфиналната рунда од плеј-офот на Втората кошаркарска лига

Домашниот терен се покажа како предност во денешните натпревари во кои Охрид го совлада Работнички, а Куманово штипски Соколи и израмнија на 1:1 во победи, па „мајсторките“ ќе решаваат кои два тика ќе играат во полуфиналето.

Охриѓани ја добија првата четвртина со (22:16), а по израмнетиот втор период, на полувремето беше иста разлика 40:34. Гостите од Скопје, во третиот период направија ја добија четвртина со 19-8 и во последниот период влегоа со +5 (53:48). Во последната четвртина, домашните кошаркари одиграа борбено, по во неизвесен финиш стигнаа до минимална триумф со 69:68, со што го израмнија резултатот на 1-1 во победи и се избори за „мајсторка“, која ќе се игра претстојниот викенд во Скопје.

Кристијан Столески кој ги постигна решавачките поени за победа со вкупно 17, беше најефикасниот во победничката екипа, а 17 кај гостите реализира Стојанов.

Затоа пак во Куманово домаќините славеа убедливо во дуелот со Соколи од Штим и тоа со 17 поени разлика 81-64, со што и кумановци изборија „мајсторка“.

Решавачките натпревари ќе се играат претстојниот викенд (термините сеуште не се познати), а по нив ќе го дознаеме вториот полуфинален пар, откако попладнево Вардар и Ангели ја комплетираа првата двојка.

ЧЕТВРТФИНАЛЕ (Втор натпревар)
(1) МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – ВАРДАР 82-90 (0:2 победи)
(4) ВОДНО САНС – АНГЕЛИ 74-92 (0:2 победи)
(2) ОХРИД – РАБОТНИЧКИ 69-68 (1:1 победи)
(3) КУМАНОВО – СОКОЛИ 81-64 (1:1 победи)