Во фокусот на вниманието на тениската светска јавност е Мастерсот во Монте Карло, каде се собрани речиси сите најдобри тенисери во моментов.

Дуелите за трофејот, но и големиот паричен награден фонд, не почнуваат на земјените терени, туку многу порано, надвор од нив.

Така речиси два-три часа пред својот настап најдобрите ги започнуваат подготовките за настапот што следи.

Секогаш во центарот на вниманието е најдобриот во светот, Новак Ѓоковиќ кој попладнево во 14 часот треба да го започне мечот со Италијанецот, Мусети. Иако важи за апсолутен фаворит, популарниот Ноле сериозно си ја сваќа работата и три часа пред мечот го почнува своето загревање.

Камерите го „уловија“ и Гркот, Стефанос Циципас, кој ќе игра со тоталниот аутсајдер Чилеанецот, Николас Хари.

Дербито на денот е дури од 15.30 часот, но Данил Медведев веќе одработува за дуелот со Александер Зверев.

Огромно внимание привлече и појавувањето на најбрзиот човек на планетата, светскиот рекордер, атлетичарот Усени Болт кој ќе ги следи дуелите во Монте Карло од свечената ложа.

Вакви моменти ретко или речиси никогаш љубителите на спортот неможат да ги видат низ директните преноси.