Романката Сорана Кирстеа го приреди најголемото изненадивање на Мастерс турнирот во Мајами, откако ја елиминираше првата фаворитка за трофеј, Арина Сабаленка.

Во еден изедначен натпревар, нијанси решаваа за победникот, а во такви околности подобро се снајде Романката.

Кирстеа одлично го отвори мечот со брејк уште во првиот гејм. Сабаленка успеа да се врати и да изедначи на на 4:4. Но, Сорана беше во одличен ритам и веднаш направи рибрејк за предност од 5:4, за да потоа со добар сервис гејм го освои и сетот.

Идентичен старт имаше и вториот сет со брејк на Кирстеа во првиот гејм. Сабаленка се врати на 2:2, но само два гејма подоцна повторно го загуби својот сервис и го загуби и вториот сет со идентични 6:4.

Кирстеа во полуфиналето ќе се сретне со подобрата од мечот, Квитова – Александрова