Кошаркарките на Пробаскет од Кавадарци ќе ги продолжат натпреварите во плејофот во женската кошаркарска лигата откако вечерва во Делчево минимално со 68:67 го победија тимот на Патриот и со 2-0 во победи се изборија за настап во четвртфиналето, каде ќе играат против првопласираната екипа од Првата А лига Баскет Кам.

Екипата на Патриот слично како и на првиот натпревар имаа водство, кое не успеаја да го зачуваат и тоа беше крај на настапот на првопласираната екипа од Првата Б лига. Сепак, младоста и неискуството беа пресуден фактор за двата пораза на тимот од Делчево.

Утре се игра натпреварот број 2 од дуелот меѓу ЖКК Шкупи и ЖКК Гризли. Почетокот е во 16 часот и се игра во салата во населбата Радишани.

ПЛЕЈ-ОФ
ЧЕТВРТФИНАЛНИ ДВОЈКИ
(1) БАСКЕТ КАМ – (8) ПРОБАСКЕТ
(2) БАДЕЛ – (7) Гризли / Шкупи
(3) КРИВА ПАЛАНКА – (6) СТРУГА
(4) ВАРДАР – (5) МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ
ПОЛУФИНАЛЕ
Победник 1 – Победник 4
Победник 2 – Победник 3