Во третиот натпревар од 6.коло од Плеј офот од Супер лигата ракометарите на Бутел ја постигнаа втората победа во овој дел од првенството откако во својата сала го совладаа градскиот ривал Пролет со 23:16 (8:7). За Пролет ова е нов пораз, откако оваа екипа имаше серија од три победи (две во Купот и една во првенството). Бутел со оваа победа го мина Пролет на табелата со 7 боодви или два повеќе од Пролет.

Првиот дел мина со мал број на голови вкупно 15 и со постојано водство на ракометарите на Бутел. Сепак во вториот дел домашниот дел делуваше многу подобро и постојано ја зголемуваше разликата, која на крајот беше максималната од седум голови. Во 54.та минута поради повреда натпреварот предвреме заврши за пикерот на домашниот тим Јефтиќ.

Најефикасен на дуелот беше Мирко Мајиќ од Бутел со 7 голови.

Во првите два дуела од 6.коло: Вардар – Тиквеш 35:25 и Еурофарм Пелистер 2 30:35.

Утре се игра последниот дуел меѓу Еурофарм Пелистер и Охрид.

Табела: Вардар 21 бод, Алкалоид 15, Е.Пелистер 15, Тиквеш 10, Бутел 7, Пролет 5, Е.Пелистер 2 4, Охрид 3.