Дека македонскиот спорт, изобилува со неверојатни моменти кои ретко се забележани на нашите спортски терени низ фотографии, а уште помалку низ видео записи тоа ни е перфектно јасно.

Затоа, ние како редакција, секогаш сме тука да ви ги доловиме токму тие моменти.  Од нашите терени веќе нотифицирафме неколку моменти.

Две супер завршници во кои победниците беа решавани во последната секунда дуелот Алкалоид – Бутел, како и драмата на средбата меѓу Шампиони и Младост, а го одбележавме и постигнатиот кош, токму така, КОШ на РАКОМЕТЕН НАТПРЕВАР.

Кога сме кај кошевите. Не ретко сме сведоци на „трилер“ моменти и во македонска кошарка. Само ќе потсетиме на победата на Водно Санс против Соколи.

Последниот во низата е од младинската кошарка.

Имено на натпреварот меѓу КК Ангели Кисела Вода и Куманово во конкуренцијата У18, победа забележаа домаќините со 76-74. До овој триумф избраниците на Панче Нушевски и Благоја Кечовски, стигаа со кошот во последната секунда. По асистенцијата од од својата половина на терен, кошот за победа го постигна Андреј Морски, за огромна радост на младите Ангели.

Ве повикуваме, вакви и слични видеа од спортските терени ширум Македонија слободно да ги доставувате (испраќате) на info@sportplus.mk или на нашата Фејсбук страна.
КЛИКНИ НА ЛИНКОТ ВИДИ И ИСПРАТИ….