Кој вели дека не е можно!? Играш ракомет, а постигнуваш кош!

Спортските натпревари се секогаш полни со изненадувања. Особено ако тоа го забележат камерите или фото апаратите.

Таков е случајот на натпреварот од ракометната плеј-аут конкуренцијата, во македонското ракометно првенство, дуелот меѓу Скопје 2000 и Јуниор Кисела Вода.

Наместо да постигне гол, постигнаа кош.

Иако споменатиот меч заврши без победник 25-25, доколку овој обид од голема далечина се сметаше за чиста „тројка“ тогаш сигурно ќе имаше победник.

Ве повикуваме, вакви и слични видеа од спортските терени ширум Македонија слободно да ги доставувате до нашата редакција. (info@sportplus.mk)