Репрезентативната пауза во домашниот фудбалски шампионат, ја искористија екипите на Македонија Ѓорче Петров и Вардар, да одиграат контролен (пријателски) натпревар. 

Средбата што заврши со резултат 2-0 за Македонија Ѓ.П., сепак ја одбележува еден друг момент. 

Имено станува збор за четворица млади вардарови таленти кои добија шанса да дебитираат сениорскиот состав на Вардар. 

Огнен Здравковски, Тино Спасиќ и Матеј Митревски, како и голманот Никола Филевски (роден 2005 година) инаку син на долгогодишниот чувар на мрежата на црвено-црните Антонио Филевски. 

На сите четворица им посакуваме успешни сениорски кариери, а sport+ logo тука да ги следи нивните настапи.