Светскиот тенисер број 1, Новак Ѓоковиќ остана без финале на мастерот во Дубаи.

Во полуфиналниот меч што траеше 85 минути, Србинот беше поразен од Данил Медведев со 2-0 во сетови.

Фантастичен меч одигра Рускиот тенисер, ко во вториот сет направи два брејка па го доби истиот со 6-4.

Во вториот уште на стартот Медведеб направи брејк, со што се стекна со предност во однос на Ѓоквиќ, кој се обидуваше на возврати на сервис на противникот но не успеаја, па Медведев го доби сетот повторно со 6-4, а со конечни 2-0 и мечот.

Така во финалниот меч на турнирот во Дубаи ќе гледаме руски дуел. Во него Медведев за противник ќе го има сонародникот бранителот на титулата од лани Андреј Рубчев кој по два часа игра го победи Германецот, Александер Зверев .