Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром се радуваше на својата четврта победа во регионална АБА лига. На средбата одиграна во СЦ „Јане Сандански“ МЗТ го совлада српскиот претставник ФМП Железник.

Аеродромци лошо го отворија натпреварот и на гостинскиот тим му дозволија рано да стига до двоцифрена предност +12 (2-14). Сепак во продолжение бело-сините ги консолидираа редовите, на на првата пауза заминаа со -4 негатива (13-17). Во втората четвртина, МЗТ Се обидуваше да ја анулира негативата, но на крајот успеа да намали само еден поен помалку -3 (35-38).

Во третиот период конечно аеродромци заиграа на посакуваното ниво и ја добија четвртината со 30-18, за во завршните 10-минути да влезат со предност со 9 поени (65-56).

Таквата предност аеродромци знаеја како да ја сочуваат па на крајот заслужено се израдуваа на победата со конечни 87-82.

Најефикасен во редовите на македонскиот првак, водено и на натпреварот беше Кафи со 26 поени, а двоцифрени беа и Вер со 13 и Крстевски со  10 поени.

Со оваа победа и вкупно четири во досегашниот тек од натпреварувањето, МЗТ сега се израмнува со Борац, а заостанува една победа помалку зад Игокеа.

Во следното коло МЗТ Скопје и гостува на Мега во сабота на 12 март.