Рускиот тенисер Андреј Рублев ќе ја брани титулата на АТП 500 турнирот во Дубаи откако во полуфиналето попладнево го совлада Германецот Александер Зверев со 2-0 во сетови (6:3 и 7:6 (11:9)). Ова беше прва негова победа во шестиот меѓусебен дуел со Зверев, мечот траеше два часа.

Во првиот сет Рублев направи брејк и поведе во првиот гем во кои беа одиграни 16 поени, но набрзо Зверев го врати загубениот сет и изедначи на 2:2. Но, следуваше нов брејк на рускиот тенисер за водство од 3:2, за на крај да го добие сетот со 6:3 во гемови со уште еден брејк.

Во вториот сет немаше ниту еден брејк, а единствената брејк и меч топка ја имаше Рублев во 12.тиот гем но не ја искористи. Во тај-брекот Зверев испушти една сет топка, за потоа Рублев да ја реализира петтата меч топка во тај-брекот или вкупно шеста во мечот за 11:9 на поени.

Рублев утре во финалето ќе игра против победникот од мечот Новак Ѓоковиќ – Данил Медведев.