Македонската тенисерка Лина Ѓорческа избори четвртфинале на фјучрс турнирот во Астана, Казакстан откако во мечот од второто коло ја победи Ирина Шиманович од Белорусија со 2-1 (7:5; 1:6; 6:2) во сетови. Мечот траеше безмалку два часа. Нашата тенисерка до победата стигна благодарение на подобрата реалиазција на брејк топките 5/7 за разлика од противничката која имаше 5/10. Ѓорческа освои и еден поен повеќе 93:92.

Мечот почна со брејк на Шиманович и водство потоа од 3:0 во гемови, но Ѓорческа го врати брејкот изедначи на 3:3, а нерешено беше до 5:5, кога нашата тенисерка ја направи клучната предност во првиот сет реализирајќи ја првата сет топка. Вториот сет мина во знакот на белоруската тенисерка која направи три брејка (Ѓорческа еден) и го доби сетот со 6:1.

Во решавачкиот сет поведе Шиманович со 1:0, но потоа македонската тенисерка имаше серија од три гема со еден брејк за водство од 3:1 во сетот. Со слична серија од 3-1 Ѓорческа го освои сетот и дојде до победата.

Утре во четвртфиналето ќе игра против Анастасија Тихонова од Русија, која денеска со 2-0 (7:5 и 7:5) во сетови ја совлада Нигина Абдураимова од Узбекистан.