Нема одмор за ракометарите на Еурофарм Пелистер, кои по обврските во Лига Европа ќе се префрлат на регионалните и домашните натпревари. Првиот во низата е дуел со Војводина од Нови Сад. Воедно ова е прилика битолчани да ја запишат првата победа сезонава во СЕХА лигата бидејќи на стартот од продолжението на сезонава ги загубија двата натпревара во групата на гости против Нексе (25:29) и Војводина (24:29).

„Војводина е квалитетна екипа, составена од искусни домашни ракометари. Овој натпревар ни доаѓа во лош момент, но може добро да ни дојде за да ги залечеме раните и да биде еден наш нов почеток. Едно будење во кое ќе се подигнеме самите и ќе забележиме поволен резултат, не само на таа средба туку и на натпреварот што нè чека во Суперлигата против Пролет, изјави ракометарот на Еурофарм Пелистер Жарко Пешевски.

Натпреварот Еурофарм Пелистер – Војводина почнува во 18 часот, а се игра во спортската сала „Боро Чурлевски“.