Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов со својата екипа Барнли обезбеди место меѓу осумте најдобри екипи на најмасовното англиско фудбалско натпреварување ФА купот.

Тимот на Барнли во четвртфиналето избори пласман со победата над третолигашот Флитвуд остварена во последните моменти од натпреварот, одигран пред својата публика.

Чурлинов кој во игра влезе во 74-тата минута, го забрза темпото на домаќините, кои својата иницијатива ја крунисаа со голот на Велшанецот, Конор Робертс буквално во 90-тата минута.

Инаку тимот на Барнли е убедлив лидер во Чемпионшип лигата и е на добар пат да обезбеди пласман во Премиер лигата, имајќи во предвид дека има огромни 19 бодови повеќе од трето пласираниот Мидлсборо.

Втор во оваа конкуренција е Шефилд Јунајтед кој исто како Барнли обезбеди четвртфиналето во ФА купот и тоа елиминирајќи го Тотенхем во осминафиналето.