Продолжува одличната недела за Калин Ивановски во Тунис. По големите победи во текот на вчерашниот ден кога македонскиот тенисер запиша две победи од 2-1 во сетови, денес полесно од очекувањата се пласираше во финалето.

Македонскиот тенисер беше подобар од уште еден Италијанец, овој пат Андалоро Фабрицио. Калин беше убедлив во првиот сет, кој го доби со 6:1, за само 25 минути игра. Ивановски тргна фуриозно и во вториот сет, каде брзо дојде до прденост од 2:0 по што противникот го предаде мечот поради повреда.

Калин Ивановски веќе се подготвува за финалето каде за противник ќе го има Холанќанецот Рајан Нијабор, 762 играч на АТП ранг листата. Финалето треба да започне некаде околу 3 часот по Македонско време.

Турнирот во Монастир, Тунис се игра за награден фонд од 15000 американски долари и ќе донесе дополнителни поени за Калин, кој веќе е под границата на најдобрите 500 тенисерти на АТП листата.