Во Перт, Австралија на „УФЦ 284“ се случи можеби најдобрата борба на годината. Шампионот во лесната категорија, Ислам Махачев и шампионот во перо категорија австралискиот борецот со македонско потекло Александар Волкановски.

Во петте рунди колку што траеше мечот нашиот Волкановски прикажа голема храброст, борбеност и упорност, но на крај Дагестанецот, Махачев победи со едногласна одлука на судиите и успешно си ја одбрани титула во својата категорија.

Борецот со македонско потекло Волкановски, кој доминантен во својата категорија, реши да ја смени категоријата и да се бори со Мохачев, кој ја прекина серијата на Волкановски од 22 последователни победи.

Сепак како што најави Волкановски тој ќе продолжи да се бори во својата (пер) категоријата со цел да си ја одбрани својата титула.