Слободен влезот на натпреварот Македонија – Белгија

Најдобрите македонски кошаркарки, попладнево против Белгија ќе го игра последниот натпревари во квалификациите за Европското првенство 2023.

по победата над БиХ, атмосферата во нашиот национален тим е на повисоко ниво, па во дуелот со Белгијките црвено-жолтите ќе се обидат да ја повторат играта од Сараево. 

Свесни се дека противникот е апсолутен фаворит, но како што вели Нена Трајчевска, резултатот ќе биде во втор план, важно е уште еднаш да покажат дека оваа селекција има потенцијал. 

„Исклучително сум задоволна од победата против БиХ, пред се затоа што дадовме се од себе и покрај сите проблеми со кои се соочивме за време на подготовките. Покажавме како треба да се бориме и би сакале истата слика да ја повториме и против Белгија иако сите добро знаеме за каков ривал се работи и каде се играат кошаркарките на оваа репрезентација. Резултатот можеби не е во прв план, но јас и моите соиграчи сме подготвени да изгинеме на теренот. Победата против БиХ ја гледам како почеток на она што следува од македонската репрезентација. Голем чекор е и треба само да потврдиме дека вредиме како екипа“,
вели Трајчевска.

Сите љубители на кошарката што сакаат во живо во СЦ „Кале“ да го гледаат натпреварот, влезот за истиот ќе биде слободен.

Омие пак кои нема да може да бидат на лице место натпреварот меѓу Македонија и Белгија што ќе започне од 18 часот, а ќе можете да го ГЛЕДААТ ВО ЖИВО ОВДЕ.