По стартот пораз на гостувањето кај Татран Прешов македонскиот ракометен првак Вардар денеска ќе го одигра вториот натпревар во регионалната СЕХА лига.

Вардарци го пречекуваат белградски Партизан во меч од 2.коло на Б групата.

Влезниците за овој, но и реванш натпреварот со Татран што ќе се игра за 10 дена, одамна се пуштени во продажба, а црвено-црните веруваат дека ќе ја имаат големата поддршка од трибините на своите верни навивачи.

„Имавме долго патување од Прешов, немаме многу време за подготовка, но треба да покажеме карактер и да победиме против Партизан. Се надевам на исполнета сала против Партизан, верувам дека гледачите ќе дојдат во поголем број. Нивната силна поддршка ни олеснува во одредени натпревари. Партизан е млада екипа, но ние играме дома и сме фаворити“, вели капитенот Стојанче Стоилов.

Дуелот меѓу Вардар и Партизан се игра цо СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 18 часот.