Два од четирите македонски претставници во Регионалната ракометна лига, Еурофарм Пелистер и Алкалоид, денеска имаат нови натпревари.
Битолски Еурофарм Пелистер, трет пат ќе игра пред својата публика. Во салата „Боро Чурлевски“ попладнево гостува српската екипата Дубочица. Избраниците на Лино Червар лесно ќе атакуваат на третата победа, откако на првите два меч пред своите симпатизери ги совладаа српскиот првак Партизан и црногорската екипа Ловќен.
Овој натпревар, што ќе почне од 18 часот, е во рамките од А групата, во која настапува и екипата на Алкалоид.
Популарните „фармацевти“ од Автокоманда, час подоцна (19) ќе гостува во Цетиње, Црна Гора, кај тимот на Ловќен. Ова ќе биде втор меѓусебен дуел на овие две екипи. Тимот на Кирил Лазаров на стартот во ова натпреварување беше поразен од Партизан, а потоа го „прегази“ токму денешниот противник Ловќен со 18 голови разлика.


































