Во Регионалната ракометна лига денеска со настапи ќе имаат две македонски екипи.

Ракометарите на ГРК Охрид ќе го играат третиот свој натпревар во кој ќе атакуваат на третиот триумф.

По победите над Војводина и екипата на Будва, охриѓани денеска во Панчево ќе се обидат да стигнат нов успех во дуелот против екипата на Динамо. Овој натпревар ќе почне во терминот од 18 часот.

Еден час подоцна (19) во салата Автокоманда во Скопје, својот втор меч во ова натпреварување, ќе го играат ракометарите на Алкалоид.

Избраниците на Кирил Лазаров пред три дена беа поразени од српскиот шампион Партизан. Сега ќе се обидат да стигнат до првата победа и тоа во дуелот против црногорскиот Ловќен.