Три од четирите македонски екипи, денеска имаат настапи во Регионалната ракометна лига. Освен шампионот Вардар, денеска ќе играат Еурофарм Пелистер, Алкалоид и Охрид.
Иако и вардарци требаше да играат денеска, сепак поради здравствени проблеми кај поголемиот дел од ракометарите, Вардар и Динамо Панчево го одложија својот натпревар.
Вицепрвакот Еурофарм Пелистер ќе ја отвори денешната програма. Во Битола, пред своите навивачи, пелистерци ќе го играат вториот натпревар во РРЛ, а противник ќе биде српската Дубочица. Овој натпревар ќе почне во терминот од 18 часот.
Еден час подоцна (19) стартуваат другите два меча во кои ќе играат македонските екипи.
За прв пат во новоформираната лига, ќе настапат ракометарите на Алкалоид. И тоа на домашен терен ќе се судрат со српскиот претставник, шампионот, Партизан. Истовремено во Црна Гора, кај екипата на Будва ќе игра тимот на Охрид, кој ќе атакува на втората победа во ова натпреварување.
Сите три натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)👇 .

































