Македонскиот шампион Вардар ја пиша и втората победа во регионалната лига.
Вардарци вечерва при својата публика во „ Јане Сандански“ го победија црногорскиот состав на Будванска ривиера со 44-27.
Освен во обвините пет минути во кои гостите беа оние кои имаа минимална предност се останато мина во знакот на вардарци. Македонскиот првак на полувреме замина со седум голови предност 21:15.
Во вториот дел избраниците на Иван Чупиќ само ја зголемуваа предноста која е на крајот изнесуваше 17 голови разлика.
За Вардар ова беше само втора победа бидејќи го одигра само вториот меч во регионалното натпреварување. Следниот натпревар во оваа конкуренција вардарци ќе го играат дури на 15-ти декември кога ќе и гостуваат на српската Војводина.
Во меѓувреме Вардар најнапред го чекаат домашни предизвици, гостувањето во Кавадарци кај Тиквеш, а потоа и дербито со Охрид.

































