Новак Ѓоковиќ со триумфот на Австралија опен, се врати на врвот на АТП ранг листата.

Српскиот тенисер кој во Мелбурн триумфираше по десетти пат, ја презеде лидерската позиција на најновото рангирање, од младиот Шпанец, Карлос Алказар кој не настапи на овој турнир. Трет сега е финалистот Стефанос Циципас, кој го потисна за една позиција Каспер Руд, а Андреј Рубљов е петти.

Пад од четири места имаат Рафаел Надал, минатогодишниот шампион на Австралија опен, кој годинава беше елиминиран уште во втората рунда, па сега е шести, односно Данил Медведев кој е 12-ти, а на сметка на Русинот во ТОП 10-те се и Американецот, Тејлор, Данецот, Холгер и Хуркач од Полска.

Полуфиналистите од Мелбурн, Каре Хачанов и Томи Пол, очекувано имаа голем напредок. Русинот скокна за седум места и сега е 13-ти, а Американецот направи скок од 16 позиции и сега е 18-ти на АТП ранг листата.

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски со настапот во финалето на ИТФ фучерс турнирот во Монастир, Тунис, направи прогрес од девет позиции и сега 18-годишниот Ивановски е на 534 место, што е негов најдобар ранкинг во кариера.