Сабаленка е трета, Рибакина влезе во ТОП 10

На најновото тениско рангирање кај дамите, ВТА листата, очекувано голем напредок направија финалистките, Арина Сабаленка и Елена Рибакина.

Шампионката на Австралија опен, Белорусинката, Сабаленка скокна за три места и сега е веднаш зад водечката Швјонтек од Полска која во Мелбурн настапот го заврши уште во четвртата рунда во која беше елиминирана Елена Рибакина.

Тенисерката од Казахстан, која загуби во финалето од Сабаленка, очекувано направи голем скок од дури 15 места и сега е 10-то рангирана.

Покрај овие три тенисерки во ТОП 10-те се и: Џабер, Пегула, Гарсија. Гоф, Сакари, Касаткина и Бенчиќ.