Во новата фаза од Светското првенство ракометарите на Шведска и Шпанија постигнаа нови победи, односно ја продолжија серијата победи (4/4). Шведска предводена од извонредниот на голот Паличка ја совлада Унгарија со 37:28, а покрај него ефикасен беше и ване со 9 голови.
За разлика од Шведска, вториот домаќин Полска ги загуби шансите за четвртфиналето откако вечерва загуби од Шпанија со 27:23. Овој дуел беше резултатски понеизвесен, а Шпанија благодарение на одличниот Де Варгас во вториот дел стигна до победата.
Во групата 1 од главната фаза Франција и Шпанија имаат по 6 бодови, а следи Словенија со 4. Во групата 2 пак Шведска е прва со 6 бодови, Исланд има 4, а Португалија и Барзил по 3.