Кристал Палас освои голем бод против Манчестер Јунајтед и со тоа ја прекина одличната серија на црвените ѓаволи од пет победи во Премиер Лигата и осум вкупно во сите натпреварувања.

Избраниците на Ерик Тен Хаг, беа блиску до уште една победа, но, Мишел Олисе со феноменален погодок од слободен удар во судиското продолжение го расипа расположението кај навивачите на Јунајтед

Бруно Фернандеш, во 43-тата минута постигна гол со кој Манчестер имаше предност се до самиот финиш на натпреварот.  И кога сите помислија дека одличната серија на Црвените Ѓаволи ќе продолжи, несмасен прекршок на 25 метри од голот, скапо ги чинеше со оглед на тоа дека истиот го искористи  Мишел Олисе, кој со одличен удар го матираше Давид Де Геа

Црвените Ѓаволи пропуштија шанса да го престигнат градскиот ривал Сити и барем до утре да се пробијат на втората позиција на табелата.

Избраниците на Тен Хаг ги чека вистински предизвик да се вратат на победничката серија бидејќи за четири дена за противник ќе го имаат лидерот на табелата Арсенал.