Интер целосно го надигра градскиот ривал Милан и сосема заслужено го освои Суперкупот на Италија. (3-0)

„Нероаѕурите“  преку Федерико Димарко уште во десеттата минута го отворија резултатот и навестија дека вечерва се дојдени по победа.

Един Џеко во 20-тата минута  зголеми на 2- 0, а со тој резултат се замина и на полувреме.

Милан иако имаше повеќе од поседот на топка, никако не успеваше да го најде патот до мрежата на Онана.

Прашањето на победникот го затвори  Лаутаро Мартинез кој во 77-та минута ги постави конечните 3-0.

Победата во Суперкупот е седма титула за Интер во оваа натпреварување, а трета  за Симоне Инзаги на клупата на „Нероаѕурите“

Ова беше 234-та пресметка на градските ривали во сите натпреварувања, а Интер дојде до 86-тата победа.