Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски на најновата АТП ранг листа објавена вчера бележи скок од 39 места и се наоѓа на 504.место што е негов најдобар ранг во кариерата. Ивановски има освоено досега 62 поени. Воедно македонскиот тенисер од денеска го очекува настап на фјучрс турнирот во Монастир, Тунис на тврда подлога. Тој во првото коло денеска ќе игра против Американецот Леанид Бојка.

Од другите македонски тенисери скок бележат: Горазд Србљак 48 места и сега е на 1078-та позиција, Обрад Марковски има скок од 44 места и е на 1104-то место, додека Берг Бугариќ е на 1.758.место со скок од 48 места.