Репрезентацијата на Португалија со победата од 27:20 против Унгарија се избори за првото место во групата. Три репрезентации од Д групата имаат ист број бодови 4, но Портуугалија е прва благодарение на гол разликата +3, пред Исланд гол разлика +2, а Унгарија има -5. Сите три репрезентации ќе пренесат по два бода во следната фаза.

Домаќинот Полска потешко од очекуваното ја совлада Саудиска Арабија со 27:24 и ја постигна првата победа на Мундијалот.

На другите два дуела од вечерашната програма фаворитите постигнаа убедливи победи. Шведска ја совлада селекцијата на Уругвај со 47:12, а Шпанија беше поуспешна од Иран со 35:22.