Македонската ракометна репрезентација попладнево од 18 часот во Краков го игра клучниот натпревар од групата Ф против Аргентина за пласман во Главната фаза. Двете репрезентации имаат по два пораза, а на Македонија за освојување на третото место потребна и е победа бидејќи имаме гол разлика -22, а Аргентина има -21.

Во дуелот за првото место играат Норвешка и Холандија.

Во групата Е во Катовице играат Алжир – Германија и Катар – Србија.

Хрватска за противник го има Мароко.

Е ГРУПА КАТОВИЦЕ

3.коло: Алжир – Германија (почеток 18 часот) Катар – Србија (почеток 20:30 часот)

Табела: Германија 4, Србија 2, Катар 2, Алжир 0.

Ф ГРУПА КРАКОВ

3.коло: Македонија – Аргентина (почеток 18 часот) Холандија – Норвешка (почеток 20:30 часот)

Табела: Норвешка 4 (+23), Холандија 4 (+20), Аргентина 0, Македонија 0.

Г ГРУПА ЈЕНЧЕПИНГ

3.коло: САД – Египет (почеток 18 часот) Хрватска – Мароко (почеток 20:30 часот)

Табела: Египет 4, Хрватска 2, САД 2, Мароко 0.

Х ГРУПА МАЛМЕ

3.коло: Белгија – Бахреин (почеток 18 часот) Тунис – Данска (почеток 20:30 часот)

Табела: Данска 4, Белгија 2, Тунис 1 (-2), Бахреин 1 (-15).