Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со победа го почна настапот на Австралија Опен во Мелбурн, откако денеска во 1.коло го победи Шпанецот Роберто Карбаљес Баена со 3-0 во сетови за 2 часа и 2 минути игра.

Ова значи и победничко враќање на Ѓоковиќ во Мелбурн, откако минатата година беше депортиран од Австралија бидејќи не сакаше да прими вакцина за КОВИД 19.

Враќањето значи нов обид на популарниот Ноле да освои нова грен слем титула.