Македонската тенисерка Лина Ѓорческа напредуваше на најновата ВТА листа објавена денеска и со новите 42 бода од финалето во Талин има вкупно 307 бодови и се наоѓа на 213 место. Таа има скок од 22 позиции во однос на претходното рангирање.

На првата позиција на ВТА листата се наоѓа Ига Швјонтек од Полска, пред Онс Жабер од Тунис и Џесика Пегула од САД.

Ѓорческа ќе има уште еден настап на фјучрс турнир (награден фонд 40.0000 долари) во Естонија, Талин кој почнува денеска. Во првото коло таа ќе игра против Британката Маја Лумсден која се наоѓа на 469 место на ВТА листата.