Во Австралија се играат а неколку тениски турнири кои се своевидно загревање за првиот Гренд-слем во новата година „Австралија Опен“

Турнирот во Аделаида стигна до полуфиналето.

Првиот носител на овој турнир, Новак Ѓоковиќ во два сета со 6-3 и 6-4 го совлада Канаѓанецот, Денис Шаповалов и закажа полуфинална пресметка со Данил Медведев.

Русинот кој се трет носител, со 6-3 во двата сета го доби сонародникот Карен Кахчанов.

Во второто полуфинале ќе играат, Јошита Нишикора и Себастијан Корда.

Јапонецот се изнамачи во дуелот со домашниот тенисер, Алаксеј Попирин кој е дури 120-ти на АТП листата, па мораше да одигра максимални три сета.

Неговиот противник, Американецот, Корда со 2-0 во сетови го совлада Италијанецот, Јаник Синер.