Четирите првопласирани екипи во Евролигата немаа свој дел. Сите ги загубија натпреварите од 17-тото коло.

Минимален пораз со 85-84 претрпе лидерот на табелата Басконија и тоа кај последно пласираната екипа на табелата Алба Берлин.

И второ пласираната Барселона беше изненадена и тоа пред своите симпатизери од Виртус Болоња со 83:75

Ништо подобро не мина ниту францускиот Монако кој гостуваше во Белград кај Партизан, а исто така загуби со 20 поени разлика 100:80.

Жалгирис му го нанесе петтиот пораз во низа на Фенербахче совладувајќи го убедливо со 86:66, а во последниот натпревар Баерн Минхен славеше над Панатинаикос со 84:68.

Денеска на програмата се останатите натпревари од оваа рунда, а двојките се:
Анадолу Ефес – Асвел Вилербан
Олимпијакос – Армани Милано
Валенсија – Црвена Звезда
Реал Мадрид – Макаби Тел Авив