Во Австралија се играат неколку тениски турнири кои се своевидно загревање за првиот Гренд-слем во новата година.

По минатогодишната неславна авантура Новак Ѓоковиќ беше убаво пречекан на својот прв настап во Австралија, но српскиот тенисер го загуби мечот во двојки кој го играше со Поспишил.

На турнирот во Аделаида, тие беа поразени од Бркиќ и Ескобар со 2:1 во сетови. Иако Ѓоковиќ и Поспишил првиот сет го добија со 6-4, во следните два подобри беа нивните противници и ги добија со 3-6 и 5-10.

Утре, на истиот турнир, Ѓоковиќ ќе го почне својот настап во поединечна конкуренција, а противник ќе му биде Французинот, Лестиен.