Во француската Лига 1, денеска се играат дури шест натпревари од 17.коло.

Од оние што завршија досега издвојуваме најефикасниот меѓу Анже и Лориен во кој беа постигнати три голови.

Мечот заврши со победа на гостите со 2-1, кои сега се на 6.место на табелата со 31 бод, додека Анже останува последен со само 8 бодови од 17 одиграни средби.

Победа забележа и Монако кој го голот на Русинот, Александр Головин во 54-минута го совлада Брест со 1-0. Монако е на 4.место на табелата соп 33 бодови колку што има и трето пласираниот Олимпик Марсеј.

Денешната понуда ќе ја заокружат Ленс и ПСЖ со натпреварот од 20:45 часот