Изминатата ноќ, во НБА лигата се одиграа само три натпревари.

Дербито на двете прво пласирани екипи во конференциите го добија кошаркарите на Денвер совладувајќи го Бостон со 123-111.

Најзаслужен за оваа победа на „Нагетси“ беше Никола Јокиќ кој стигна до својот деветти овосезонски трипл-дабл. Србинот средбата ја заврши со 30 поени, и по 12 скокови и асистенции.

На „Селтикси“ не му помогнаа ниту 30-те поени на Браул, односно 25-те на Тејтјун, па Бостон го претрпе 11-тиот пораз.

Џа Морант, беше најзаслужен за победата беше на Мемфис во дуелот со Сакраменто со 118-108.

Морант средбата ја заврши со 35 поени, а Мемфис со третата врзана победа и вкупно 23-та сезонава се израмни со Њу Орлеанс на втората и третата позиција во Западната конференција веднаш зад лидерот Денвер.

Во отсуство на Атетокуомпо и Мидлтон, екипата на Милвоки го претрпе петтиот пораз на последните шест натпревари. „Бакси“ загубија пред своите симпатизери од Вашингтон со 118-95. Во тимот на „Визардси“ за кој ова е трета последователна победа 26 поени постигна Јапонецот, Хачимура, додека Летонецот, Порзингис броеше до 22.