Откако изминатиот викенд беа одиграни средбите од последната рунда во лигашкиот дел, денеска започнува разигрувањето за шампионската титула во одбојкарскиот шампионат на Македонија во двете конкуренции.

Титулите ги бранат екипите на Работнички Скопје кај дамите и Струмица Никоб кај мажите, тимови кои веќе ги одбранија трофеите во Купот на Македонија.

Кај дамите, Работнички важи за фаворит во дуелот со Фит фан волеј, додека понеизвесен се очекува да биде во второто полуфинале во кое Јанта волеј ќе ја има предноста на домашниот терен во серијата подобар до две победи против Наковски волеј.

Слична е ситуацијата во машкото полуфинале, во кое струмичани се апсолутни фаворити против Работнички и се освен пласман во финалето на Струмица Никоб ќе биде вистинско изненадување. Затоа пак, во полуфиналната пресметка број два меѓу Шкендија и Борец можеме да очекуваме дири и максимални три натпревари. Ќе биде ли така останува да видиме.

ПОЛУФИНАЛЕ (во два добиени натпревари)
ЖЕНИ

ЈАНТА ВОЛЕЈ – НАКОВСКИ ВОЛЕЈ (среда, 17.30 часот
РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ – ФИТ ФАН ВОЛЕЈ (среда, 17.30 часот)
МАЖИ
ШКЕДНИЈА – ГОК БОРЕЦ (среда, 20.30 часот)
СТРУМИЦА НИКОБ – РАБОТНИЧКИ (четврток, 17.30 часот)