Екипата на Осасуна е првата која се пласира во финалето на „Копа дел Реј“. 

Големото Баскијско дерби, одиграно во Билбао, го добија гостите од Памплона и тоа по продолжението. 

Тежок натпревар одиграа двата тима, кој заврши 1-0 во регуларното време, откако Ињаки Вилијамс со одличен удар со глава во 33 минута го постигна голот за домаќините. Со тоа беше анулирана негативата од првиот меч во кој славеше Осасуна.

Иако домаќинот имаше далеку повеќе шанси, сепак гостите постигнаа гол во 116 минута, а јунак за Осасуна беше Пабло  Ибањез кој му донесе пласман во финалето за тимот на Арасате.

Осасуна е првиот финалист во Копа дел Реј, во кое ќе игра со победникот од утрешното „Ел Класико“ помеѓу Барселона и Реал Мадрид, во кое пак Барса ќе влезе со предноста од 1-0 остварена на првиот меч во Мадрид.