Македонскиот вицешампион Вардар вечерва го има најважниот натпревар во досегашниот тек на сезоната. Вардарци во дуел од третото коло на ЕХФ Европската лига го пречекуваат португалскиот тим Бенфика.

Императив за врвено-црните е победа со која првенствено ќе сакаат да се реваншираат за убедливиот пораз во Лисабон во кој примија 40 голови (35-40). Ова може да е клучен натпревар за двете екипи во 3 група од главната фаза, а со тоа и патот кон нокаут-фазата.

Најголемата „главоболка“ за стручниот штаб е неизвесноста околу настапот на словенечкиот интернационалец Јака Малус. Клучниот организатор на играта се здоби со повреда за време на домашното дерби против екипата на Алкалоид. Сепак, како што изјави тренерот Чупиќ, со или без Малус, вардарци ќе одат на победа.

Вардар и Бенфика влегуваат во овој натпревар со израмнет бодовен салдо (4 ), заостанувајќи зад лидерот во групата Мелсунгедн два бода (6 ).

За македонскиот претставник, примарната цел е обезбедување на една од првите три позиции. Сепак, амбициите се насочени кон избегнување на потешки противници во елиминациските рунди.

Вечерашниот меч во „Јане Сандански“ ќе полне од 20.45 часот.