За фудбалските прволигаши во Македонија нема многу време за одмор. Откако вчера беше комплетирано 20-тото, денеска стурува 21.коло во ПМФЛ со два натпревари.
Во Струмица кај Брера гостува екипата на Струга Трим Лум. За струмичани бодовите се важни да останат во „сигурната“ зона, а за стружани во трка во водечкиот двоец (Вардар и Шкендија) во борбата за титулата.
Во вториот натпревар, бодовите се важни за гостинскиот состав на Башкими кој е во иста улога како и Брера, за разлика од Шкупи кој е веќе отпишан.
Двата натпревари ќе почнат од 14 часот, термин во кој во четврток ќе се игра дербито Вардар – Шкендија кое може да решава за шампионскиот трофеј.
ПРВА ЛИГА – 21 КОЛО
вторник 03.03
БРЕРА СТРУМИЦА – СТРУГА Т.Л. 14 часот
ШКУПИ – БАШКИМИ
среда 04.03
АРСИМИ – ТИКВЕШ 14 часот
МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ
четврток 05.03
ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 14 часот
ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС 16 часот



































