Ракометниот вицешампион Еурофарм Пелистер ќе биде единствениот македонски претставник во престанати сезона на ЕХФ Европската лигата.
Битолчани денеска ги дознаа противниците во групната фаза во која ќе бидат дел од „Г“ групата. Во неа за противници ќе ги имаат германскиот Гумерсбах, шпанската Ла Риоха од Шпанија и тимот на Вибжеже Гдањск од Полска.
Натпреварите ќе почнат на 29/30 септември и ќе играат шест кола. Од вкупно 32 екипи, пласман во „нокау“ фазата ќе обезбедат двете првопласирани од секоја група.
Почнувајќи од февруари 2026, ќе се играат елиминациските натпревари. Во нив на тимовите од групната фаза ќе им се приклучат трето и четврто пласираните екипи од Лигата на шампионите по одигрувањето на групите.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА Е.ПЕЛИСТЕР
1 коло, 29/30 септември, Еурофарм Пелистер – Ла Риоха
2 коло, 6 октомври, Вибеже Гдањск – Еурофарм Пелистер
3 коло, 13 октомври, Гумерсбах – Еурофарм Пелистер
4 коло, 16 ноември, Еурофарм Пелистер – Гумерсбах
5 коло, 24 ноември, Ла Риоха – Еурфарм Пелистер
6 коло, 1 декември, Еурофарм Пелистер – Вибжеже Гдањск


































