Mладиот шпански тенисер Карлос Алкараз со триумфот на Австралија опан, потврди зошто во моментов е најдобар во светот.
Шпанецот со овој триумф, се зацврсти на првата позиција на најновата АТП ранг-листа. Алкараз сега има 3.250 бодови повеќе во однос на Италијанецот, Јаник Синер кој е втор.
Финалистот од Мелбурн, Новак Ѓоковиќ направи прогрес од едно место и сега Србинот е трет на сметка на Александер Зѕверев кој падна на четвртата позиција.
Во ТОП-10 имаше само уште две промени и тоа Американецот, Тејлор Фриц кој направи скок од две позиции сега е седми. Затоа пак, пад од две места има неговиот сонародник Бен Шелтон кој е деветти.

































