Со завршувањето на првиот Гред-слем турнир Австралија опен денеска објавени се најновите тениски рангирања.

На женската ВТА листа и натаму водечка е Арина Сабаленка иако Белорусинката беше поразена во финалето и не успеа третпат да стигне до трофејот во Мелбурн, таа останува на првата позиција.

Нејзината противничка во финалето и победничка на Австралија опан, Елена Рибакина направи скок од две места. Казахстанската тенисерка сега е трета што е нејзин најдобар ранкинг во кариерата. На втората позиција остана Ига Швантек од Полска.

Пад од две места бележи Коко Гоф која сега е петта, зад сонародничката Аманда Амнистимова и пред Џесика Пегула.

По американското трио, следуваат младата Русинка, Мира Андреева и Италијанката, Џасмине Паолини. Со прогресот едно место, а сега деветто рангирана е Белинда Бенчиќ, а во ТОП 10 влезе Украинката, Елена Свитолина која направи скок за две позиции.

Следете нé на социјалните мрежи