Новак Ѓоковиќ, обезбеди место во своето 13-то полуфинале на Гренд-слемот во Мелбурн. Српскиот ас и десеткратен шампион на Австралија Опен, напредуваше меѓу четворицата најдобри откако Лоренцо Мусети, го предаде метот поради повреда.

Иако Мисети ги доби првите два сета со 6-4 и 6-3, во третиот сет претрпе повреда на десната нога и не можеше да продолжи. Ѓоковиќ водеше со 1-3, кога Мусети принудно мораше да го предаде мечот.

Ѓоковиќ и во четвртфиналето се пласираше без борба, откако исто поради повреда настапот го откажа Јакуб Меншик.

Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Јаник Синер и Бен Шелтон.