Двете најмлади македонски кошаркарски селекции до 14 години го продолжуваат својот настап на меѓународниот турнир во Софија, што е дел од заедничката програмата неколку федерации, а под „капата“ на ФИБА, насловен како „Заедно до 16 години“.

Нашите селекции денеска ќе ги играат натпреварите против врсниците од Турција.

Покрај нивниот настап, нашата јавност сигурно ќе очекува да види и дали повторно нашиот источен сосед, ќе се дрзне да ја вмеша политиката во спортот, односно повторо како во изминатите два дена, наместо Македонија на видео скринингот, што го прави нивната федерација од овие натпревари, да не напише само како „СЕВЕР“!?

Дали досега имало реакција од нашите претставници кои се во Софија, или од Македонската кошаркарска федерација, не знаеме, но очекуваме тоа веќе да е направено.

Додека „усвитените“ глави тераат политика, децата (кошаркарките) се дружат, за што говори и фотографијата под текстот.

Останува да видиме и да ги следиме преносите, кои започнуваат во 16 часот кога играат девојчињата, односно од 18 часот кога ќе настапат момчињата.

До крајот на турнирот македонските кошаркарски надежи ќе ги одиграат и средбите со Романија, утре.

Денешните преноси можете да ги следите ВО ЖИВО ОВДЕ.

МАКЕДОНИЈА – ТУРЦИЈА (ДЕВОЈЧИЊА)
МАКЕДОНИЈА – ТУРЦИЈА (МОМЧИЊА)